Важноста на детската игра низ годините

Играта е рамка која децата на најадекватен начин ги учи на соработка и размена, бидејќи се работи за рамка која децата сами ја одбрале. Играњето со другите му помага на детето да ги развива комуникацијата и дијалогот. Така развиваат способност да разменуваат идеи, како и способност заедно да делуваат. Во таа комуникација тие откриваат нови начини за решавање проблеми, учат да почитуваат правила и меѓусебни договори, развиваат однос на соработка и еднаквост, ја намалуваат агресијата, учат и вежбаат позитивно друштвено однесување.

Во четвртата година од животот, играта е неопходна за детето повеќе отколку претходно. Пожелно е што повеќе време да поминува на свеж воздух. Децата од 4. до 5. година играат подолго и во приближно еднакви групи, соработката е посилна, а пријателството поцврсто.

Во претшколскиот период многу се важни игрите со движења, спортските и друштвените игри. Децата играат криенка, возат ролери, велосипед итн. Вака ги развиваат натпреварувачкиот дух и соработка. Игрите стануваат игри со правила во 7., односно 8-та година од животот. Во овие игри се вбројуваат и дидактичките или едукативните игри. Овие игри секогаш се завршуваат со победник. Во претшколскиот период детето попрво би слушало бајки во кои предметите се јадат или во кои настапуваат животните кои се однесуваат како луѓе. Во омилените приказни спаѓаат Црвенкапа, Ивица и Марица, Снежана и седумте џуџиња…Детето верува во свет на бајки, приказната му го збогатува на детето погледот кон имагинацијата и чувствата.

Во овој период децата често измислуваат приказни, се јавува елементарно планирање со што да си играат. Играчките кои се препорачуваат во претшколскиот период се велосипед, пластелин, материјал за градење, кукли, санки…

dete2 dete1

На почетокот детето е зависно од возрасните, кои внимаваат на него, му даваат играчки, му обезбедуваат материјал. Подоцна таа зависност е помала, детето самостојно бира со што ќе си игра, но ниту тогаш улогата на родителите не му е помалку значајна.

Возрасните имаат задача да обезбедат услови и да го ислушаат детето во неговите желби и мислења во самата игра. Следејќи го своето дете во таа смисла родителите ќе имаат увид во важните елементи на поимање на играта на своето дете. И не само во играта, туку во целокупниот развој, бидејќи детето низ игра се поистоветува со разни улоги, го гради својот идентитет, развива самопочит и самоконтрола, изразува емоции и доверба во другите. Со помош на возрасните детето низ игра треба да научи да не ја користи моќта над другите, туку со другите.

Голем придонес на играта е и тоа што детето го зајакнува физичкото здравје, се чуствува задоволно, прифатено и подготвено за предизвици. Различните истражувања покажуваат дека во условите на современиот живот, децата во текот на денот имаат се помалку физички активности, така што недостатокот на можноста за слободна игра и движење може да биде причина за потешкотии кај децата, како што се дебелина, како и деформитети на `рбетниот столб.

Можеби малку е познат податокот дека недоволната развиеност на акомодацијата на окото, како последици на гледање телевизија и седење пред компјутер доведува до пореметување на вниманието, концентрацијата и потешкотии во учењето.

Истражуваата покажуваат дека над 90 отсто од учениците кои ги имале овие потешкотии имале и послаба акомодација на левото око. Оваа функција најдобро се развива на најрана возраст и тоа со брзо движење на окото, следење предмети, трчање и прескокнување предмети. Затоа е важно за време на физичката активност родителите да не го штитат детето однапред. Овде пред се се мисли на ситуации кога детето сака да ризикува, а истите не претставуваат опасност за детето.

Возрасните кои се подготвени да дозволат детето да ги прифаќа предизвиците и да испробува различни идеи – заедно со детето ја испитуваат можноста и не брзаат однапред да го заштитат. Со тоа придонесуваат детето да ја развива самостојноста, подготвеноста на ризик, способноста само да донесува одлуки. Видео записите од следењето на однесувањето на децата во градинките покажуваат дека тие имаат чуство за граница во ризични ситуации и дека можат самостојно да донесат одлука. Децата ќе градат доверба во сопствените физички способности само доколку возрасните им овозможуваат да се стекнат со искуства во одредени ситуации, водејќи секако грижа за нивната безбедност, за децата да се чуствуваат подржано од страна на возрасните.

Со возраста на детето се менува и формата на играта. По седмата година говорот станува се повеќе составен елемент од сите фази на игра. Централната активност на детето во школската возраст  е учењето, но детето се уште сака да се забавува и активноста на фантазијата се уште го привлекува. Во овој период возрасните го прошируваат просторот за своите активности на спортски терени, ливади, улици и го зголемува бројот на самите играчи.

dete

 

Во игрите со движење спаѓаат топката, ползењето по земја, различни борбени игри. Игрите кои содржат препреки се особено интересни за децата во овој период. Исто така децата сакаат да ги користат соодветните реквизити во различни игри. Многу важна улога имаат натпреварувањата со заеднички правила каде се води сметка кој бил победник.

По осмата година важно место заземаат продуктивните игри каде главно се тежнее детето нешто да направи, да состави…Улогата на играта е важна и на оваа возраст. Детето точно ги имитира возрасните, покритично е кон своите улоги, така што тие стануваат пореални. Ако детето се почуствува осамено, ако никој не го разбира, може да се врзе со неколку животни и домашни миленичиња. Девојчињата и момчињата во овој период можат да бидат колекционери на салфетки, сликички… Играчките кои се препорачуваат за овој период се топки, музички инструменти, апарати, компјутер…

Активноста за игра со годините опаѓа.

Дете од единаесет – дванаесет години игра помалку отколку дете во поран период бидејќи ги ограничува играчките само на оние кои најмногу ги сака. Во овој период заживуваат спортските игри. Тие го јакнат карактерот за играње, што зависи и од детската социјалност. Сакаат да се надигруваат во парови и групи, со што способнота за соработка со другите расте. Борбените игри како „војска“, „индијанци-каубојци“ итн. се исклучително привлечни за децата на оваа возраст.

Интересно е тоа што во овој период децата се интересираат за текстови за природата. Играта станува се поосмислена, со помалку движења, активноста се интелектуализира, детето води сметка за објективноста. Ги сака играчките кои соодветствуваат со реалноста, како што се електрични автомобли, возови, авиони…

Продуктивната игра го вработува детето. Тоа замислува, планира, конструира. Има големо значење за развојот. Децата ги сакаат друштвените игри, како „Не лути се човече“ , картите, но исто така и решавање на загатки, раскажување шеги, како и посета на натпревари.

Во овие години детето се воодушевува од својот јунак, сака авантуризам, јуначки приказни, зборува за животни, патувања. Разумот се повеќе ја контролира имгинацијата.

Почитувањето на правилата на игра за детето стануваат  вистинско прашање на чест, што го води кон моралност и разбирање на истите.

Низ играта децата многу често го рефлектираат она што го доживеале, своите стравови, желби и интересирања. Внимателно следејќи го нивното однесување и дијалогот за време на игра, возрасните можат да влијаат развојот на детето да се одвива во најдобар можен правец. Играта не е само забава, туку и навистина значаен процес за детето, имајќи ги во предвид сите функции кои ги има во развојот. Играта е право на детето а должност на општеството е тоа право да им го осигура, да го зајакне нејзиното промовирање, а возрасните секој слободен момент да го користат за игра со нив!