Нема информации дали македонски државјани кои престојуваат во Париз побарале помош по вчерашните терористички напади кои се случија во француската престолнина.
На социјалните мрежи може да се најдат корисни информации за оние што се затекнале таму и каде може да се обратат.
Се споделува адресата на амбасадата на Македонија: 21, rue Sebastien Mercier 75015
Tелефоните: 331 45 77 10 50
331 45 77 85 77
331 45 77 10 73
331 45 77 89 63
Mаил: [email protected]
Македонија во моментов нема амбасадор, бидејќи Агрон Буџаку пред неколку недели беше отповикан поради завршувањето на мандатот.