ВБА нема што да бара од Челзи

Денеска ќе се одиграат првите четри натпревари од вонредното 26. коло во англиската Премиер лига.

Актуелниот лидер на табелата, лонодонскиот премиерлигаш има обврска да забележи позитивен резултат во дуелот против домашниот тим на ВБА.

Како и на претходните натпревари, најверните фанови на Чезли најмногу очекуваат од белгискиот интернационалец Еден Азард, а повторно шанса натпреварот да го започне од првата минута ќе добие и последната зимска аквизиција на Жозе Мурињо, српскиот интернационалец, Немања Матиќ.

Денеска на програмата: Кардиф – Астон Вила, ВБА – Челзи, Хал – Саутемптон, Вест Хем – Норвич.