ВБА со победата над Јунајтед, му ја обезбеди титулата на Сити

Фудбалерите на Вест Бромвич Албион во неделата направија двојна работа со победата на гости од 1:0 кај Манчестер Јунајтед, со што останаа во игра за опстанок во англиската Премиер лига, а истовремено му овозможија на Манчестер Сити пет кола до крајот да ја обезбедат титулата шампион на Англија.

Ова ќе биде петта титула за Манчестер Сити во Англија, по освоените во 1936/37, 1967/68, 2011/12, 2013/14 и сегашната 2017/18.

Победничкиот гол за Вест Бромвич Албион го постигна Џеј Родригез во 73 минута. ВБА и натаму е последен на првенствената табела, а од зоната на спас го делат девет бодови.

Со поразот Манчестер Јунајтед заостанува недостижни 16 бодови зад Сити, а има само бод повеќе и меч помалку од третиот Ливерпул и четири бодови повеќе од четвртиот Тотенхем.

Претходно Њукасл го совлада Арсенал со 2:1. „Топчиите“ поведоа преку Лаказет во 14 минута, а домашните направија пресврт преку Ајозе Перез во 29 и Ричи во 68 минута. Њукасл е 10-ти со 41 бод, а Арсенал е шести со 54 бодови, шест зад петтиот Челзи и два повеќе од седмиот Барнли.