Вчера Груевски на терен вршеше увид на градбата на струмичката болница, СДСМ и Заев фарбаа и сквернавеа објекти

Додека некој вложува во изградба на болници и подобрување на условите за живот на граѓаните, други го уништуваат она што веќе е направено- фарбаат, уништуваат и сквернават спомен обележја и државни објекти направени од џебот на граѓаните, пишува „Курир“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера на терен вршеше увид на градбата на струмичката болница во која се инвестираат над 7 милиони евра, додека пак лидерот на СДСМ Зоран Заев продолжува да го кочи напредокот на земјата.

Од една страна и покрај кризата се спроведуваат политики кои носат раст и развој на Македонија. Веќе еден месец траат градежните активности во новото крило на Општата болница во Струмица. Динамиката оди согласно планираното без очекувања за застој, а работите ќе бидат завршени за една година, оценија вчера претседателот на Владата Емил Димитриев, министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски кои направија увид во досега сработеното.

Со доградбата и реконструкцијата на новиот простор кон кругот на болницата ќе бидат донесени и сега дисперзираните одделенија за неврологија, оториноларингологија, офталмологија и психијатрија. Кон крајот на јуни, треба да биде распишан тендерот за набавка на опрема, истакна Тодоров.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Груевски посочи дека со комплетирањето на струмичката болница, ќе се зголеми и бројот на пациенти кои ќе бараат и ќе добијат квалитетна здравствена услуга.

Неодамна започна доградбата на оваа болница, тоа е една мешавина на градба, реконструкција, монтажа, демонтажа затоа што овој објект започнал да се гради во 80-те години, па застанал.  Останал на забот на времето до 2001-2002 кога почна негова понатамошна градба, но поради изборите кои ги загуби ВМРО ДПМНЕ и ги доби СДСМ  повторно застана проектот и сега еве повторно продолжува. Извесно дека отприлика за една година до крајот на пролетта и почетокот на летото 2017 ќе заврши овој дел во кој ќе има поголем дел нови одделение. Хируршки, гинеколошки, уво нос и грло, кои ќе бидат од голема корист на сите граѓани не само на Струмица туку и пошироко. Струмичката болница во моментот опслужува 200 до 230 илјади граѓани, па претпоставките се дека кога ќе заврши градбата до 250 илјади граѓани ќе грaвитираат тука за здравствени услуги кои не можат да ги добијат во нивните помали места, рече Груевски.

Нагласи дека овој проект му бил и јавно дадено ветување и дека со огромен интерес ја следел реализацијата, затоа и денес дошол на самото место да го види текот на работите.

Ме радува што проектот тргна, а ми беше и јавно ветување и следев до каде и како се одвиваат работите. Човек сум кој кога ќе даде ветување гледа да се оствари и неколкупати го прашував Тодоров за овој проект и денеска дојдовме на лице место, рече Груевски.

Од друга страна, продолжуваат најавите за украински сценарија и поддржувањето на насилни протести. Протестите на опозициската платформа „Протестирам“ коај е директно поддржана од опозицијата и финансирана од соросовата фондација продолжија и вчера со сквернавење и боење на државни објекти. Тие и вчера го обоија Собранието фрлајќи со боја од два чатала.

Покрај во Скопје, опозицијата протестираше и во Струга, каде присуствуваше и генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски. Пред само неколку дена, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, в беше дел од хулиганите што ги уништуваат спомениците и јавните објекти во Скопје. Раководството на СДСМ беше стационирано пред Министерството за правда и фрлаше боја на фасадата на Министерството.

Покрај Заев, тука беше и потпретседателката Радмила Шекеринска, како и нивниот коалициски партнер Фијат Цановски. Тие бурно ракоплескаа и се смееја на секое уништување на државните објекти.