Вчера опожарени два контејнера во Ѓорче Петров

ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно се соочува со опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот. Во текот на вчерашниот ден, беа опожарени два контејнера со зафатнина од 3,2м3, лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров. Опожарените контејнери се целосно неупотребливи и веднаш беа заменети со нови садови, со цел да не дојде до нарушување на динамиката на одлагање и собирање на комуналниот отпад во оваа скопска општина, соопштија од претпријатието.

Од таму додаваат дека се спроведени активности за чистење на транспортниот Центар и на кејот на Вардар. Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена од транспортниот центар под Железничката станица во Скопје отстранети приближно 10м3 отпад од диви депонии.
-Воедно, во организација на Градот Скопје се одвива акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, во која учествуваат сите јавни градски претпријатија. Во рамките на акцијата се реализира чистење на пешачките и велосипедските патеки, како и рачно миење на целокупниот простор на кејот, додаваат во соопштението.