Вдовица силувана и јавно камшикувана бидејќи имала љубовник

Индонезиска вдовица била силувана од осум мажи за да ја казнат бидејќи имала афера со друг маж, а по силувањето била осудена на јавно камшикување.

Откако 25-годишната жена била фатена „на дело“ како влегува во куќа заедно со мажот,  била силувана, а љубовникот бил врзан и претепан.

По злосторството, напаѓачите врз двајцата истуриле канта со фекалии.

Потоа младата жена била однесена во полициска станица каде била пријавена за кршење на строгите шеријатски закони и била осудена на јавно камшикување.

Само тројца од силувачите биле силувани, додека останатите успеале да побегнат.