5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Се сопна ли „урбаниот атентатор“ Стевчо Јакимовски на висококатниците во Влае!?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Карпош со крајна загриженост ја прими изјавата на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски за можна изградба на 28-катница на територијата на општина Карпош, изјави во средата за медиумите, Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на општина Карпош.

Тој истакна дека согласно со нивните заложби, а во насока за хумано урбано живеење во Карпош и борба против урбаната мафија бараат од градоначалникот на општина Карпош веќе на следната, најавена седница која треба да се одржи на 8 јуни да предложи точка на Дневниот ред со овој ДУП, за Советот на општината да може да расправа за носење на Предлог-одлука за бришење на градежната маркичка за предметната висококатница или поништување на ДУП-от во целина.

„Доколку, почитуваниот градоначалник не предложи таква точка на Дневен ред, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на Седницата на 8 јуни, на Советот на општина Карпош ќе му предложи точка на Дневен ред со која привремено ќе бараме суспензија на предметниот ДУП, со што и формално-правно ќе постигнеме забрана за издавање на градежна дозволи за објектот за колективно домување (висококатница). За оваа иницијатива, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара поддршка и од останатите советнички групи во Советот на општина Карпош“, додаде Вељановски.

Реакцијата на советниците на ВМРО-ДПМНЕ од скопски Карпош, доаѓа по повеќе јавни протести на граѓаните од населбите Влае и Тафталиџе против новиот градежен зафат со кој би се загубило и она малку преостаната зелена површина. Медиумите, исто така, претходно седмицава пишуваа дека само неколку години по бетонизацијата на Тафталиџе, за која Обвинителството води предистражна постапка, градоначалникот Јакимовски, со истите партнери односно компанијата „Аполо инженеринг“, која профитираше од зафатите во Тафталиџе, сега подготвува терен да гради висококатници на местото на поранешното кино „Влае“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.