Вељановски: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не е против носење на ДУП-ови, но е против прекумерна изградба на згради во Карпош

-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, не е против носење на ДУП-ови, но ние сме против прекумерна изградба на згради во Карпош. И тоа не само ние, туку и граѓаните сметаaт дека е преизграден. Во изминатите 15-20 години во Карпош се случија бетонски зданија кои едноставно го спречуваат хуманото живеење на граѓаните на општината изјави Роберт Вељановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош во своето гостување во Радио Лидер.

Вељановски во текот на своето гостување рече дека планот за изградба на згради, актуелен за Карпош, не може да се спореди со плановите од Дубаи и од Чикаго, каде се канализациите се огромни, а не како кај нас, цевки од 400 милиметри.

-Кога сакате да ја проширувате населбата и кога ги зафаќате слободните парцели треба да предвидите дека мора да донесете нова канализација со поголеми фи цевки. Да имате сериозна канализација која не може да се затне. Точно е дека оној план кој сега е актуелен во моментот личи на планови од Дубаи, од Чикаго, ама вие знаете колкава е канализацијата во Чикаго? Тоа е една мега структура. Ние имаме цевки од 400 милиметри коитреба да ја опслужат цела населба, рече тој.

Во врска со проект со Алумина, тој истакна дека нив, како советници, им биле презентирани три различни урбанистички планови. Додаде дека, додека не добијат точка на гласање со точен цртеж, не може да се верува никому, а најмалку на градоначалникот Стевчо Јакимовски.
-Нам, како советници, ни беа презентирани 3 различни урбанистички проекти, параметрите беа начелно задоволени во сите нив. Јас додека не добијам точка на гласање со точен цртеж не можам да верувам никому, најмалку на Јакимовски, порача тој.