Вебер очекува дека Јанша ќе гради мостови

Претседателот на пратеничката група на Европската народна партија (EPP) во Европскиот парламент, Манфред Вебер, бе го глада словенечкиот премиер Јанез Јанша како „нов отпадник“ од оваа политичка групација која ја напушти Фидеш, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбен, суверенистички сојузник на Јанша.

„Јанша го гледам како некој кој сака да гради мостови и да се обиде да ја држи Европа на куп“, рече Вебер во разговорот за Словенечката телевизија.

„Тоа многу го почитувам, тој има демократски мандат, во словенечкиот парламент го избраа слободно избрани пратеници“, рече Вебер, додавајќи дека сепак постојат и теми за кои EPP со Јанша ќе треба да дискутира во иднина.

Коментирајќи го вчерашниот настап на Јанша во Европскиот парламент, кога словенечкиот премиер ги претстави приоритетите на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ и беше критикуван од пратниците од левичарските групации, либералите и од неолибералите од таканаречениот центар за наводно непочитување на владење на правото и медиумските слободи, Вебер рече дека за тоа е потребна неутрална оцена којашто ќе ја даде Европската комисија.

„Без слобода на медиумите не може да е замисли европскиот начин на живот, за тоа во Словенија се водат остри политички дискусии, но постојат и многу новинари кои се критични кон владата и добро е што тоа е можно“, рече Вебер.

Германскиот политичар, исто така, изнесе очекување деак владата на Јанаша „следните седмици“ ќе ги именува делегираните обвинители од Словенија во Европското јавно обвинителство (EPPO), што поради доцнењето на оваа постапка е и еден од критичките барања на Европската комисија, бидејќи станува збор за ново тело коешто ќе истражува можне малверзации во користењето на парите од фондовите на Европската унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.