Вечерата на дописниците од Белата куќа годинава без комичар

Здружението на новинарите акредитирани во Белата куќа годинава на својата традиционална вечера на која се собираат пари за студентски стипендии, ќе прекинме со традицијата да бидат поканети комичари кои вообичаено се шегуваат и тераат подбишега на сметка на актуелниот претседател, по минатогодишниот контроверзен настап на Мајкл Волф кој ги подели САД, пренесува во понеделникот агенцијата DPA.

Наместо настапот на комичар, Рон Черноу, биограф на американските претседатели, ќе го одржи главниот говор, соопшти споменатото новинарско здружение.

„И додека ја славиме важноста на слободните и независни новински медиуми за благосостојба и здравје на републиката, му се веселам на говорот на Рон и како овој необиечен момент ќе го стави во контекстот на на американската историја“, изјави Оливер Нокс, претседател на Здружението на дописниците од Белата куќа.

„Иако никоувгаш не ме заменија со стендап комичар, ви ветувам дека мојата лекција од историјата нема да биде сувопарна“, порача Черноу.

На минатогодишната вечера Мајкл Волф предизвика контроверзии и згрозувања на дела од јавноста во САД кога грдо ја навредуваше портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, при што се потсмеваше на нејзниот физички изглед, велејќи дека „ги пали фактите и тогаш ја користи пепелта за да создаде совршена сенка за очите и да создаден ефект на ’смоки ајс’“, и потоа ја спореди со ликот на тетката Лидија од филмот „Приказната на слугинката“.

Волф поради тоа се најде на удар на критиките не само од републиканските, туку и од демократските кругови, а Здружението на дописниците од Белата куќа изрази жалење пооради настапот на комичарката кој „не беше во духот на мисијата“ на здружениет коешто сакало „да испрати порака на обединување за нашата заедничка доследност за енергичен и слободен печат, оддавајќи истовремено почест на пристојноста, одличното известување и добитниците на стипендиите“.

Новинаркаа на агенцијата Associated Press, Мег Кинард, го критикуваше овој настана на Twitter, поврзувајќи ја со раширената перцепција дека медиумите се пристрансни против претседателот Доналд Трамп и воопшто против конзервативците.

„Доколку вечерата на дописниците од Белата куќа направи нешто вечерва, го направи јазот меѓу новинарите и оние кои не ни веруваат уште поголем. А оние меѓу нас кои се наоѓаат во ’црвените држави’ (републикански – з.р.) и кои работат напорно секој ден да ја докажат својата објективност, ќе мора да се носат со тоа“, напиша Кинард.

Од друга страна, главно неолибералните демократи, застанаа во одбрана на комичарката која предузвика контроверзии и го креитикуваше здружението поради „без’рбетништво“ и „недостиг од храброст“.