5.6 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2020

Вечерва ќе има невреме со дожд и грмотевици

1096

До крајот на денот времето ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмотевици, но со послаб интензитет, која повеќе ќе биде застапена во источните делови. Во вечерните часови, како и во текот на ноќта, се очекува постепено стабилизирање на атмосферата.

Од попладне и попладне на повеќе места во земјата имаше развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Најпрвин беа зафатени северозападните, а потоа се проширија и во западните и крајните источни делови односно во Беровскиот регион. Поинтензивни процеси имаше во Гостиварскиот, а особено во Кичевскиот регион каде имаше интензивен пороен дожд и грмежи, според радарската слика можна е и појава на ситен град. Оваа облачна маса продолжи да се движи од запад кон планините Караџица и Јакупица. Во Скопската котлина имаше зголемена облачност проследена со локален слаб дожд и појава на ретки грмежи.

Потоа со нестабилност од запад беше зафатен Велешкиот регион каде имаше интензивен пороен дожд, грмотевици и засилен ветер. И подрачјето на Македонски Брод беше зафатено од поинтензивни процеси. Доцна попладнево нестабилната облачна маса ги зафати Штип, и регионот на Кавадарци и Неготино каде (според радарските слики) имаше интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И подрачјето на Виница и Делчево беа зафатени со нестабилност, но со слаб интензитет. Во моментов нестабилноста во источните делови е со послаб интензитет и се очекува локален пороен дожд и грмотевици во југоисточните делови, особено во Валандовскиот регион.

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилен пороен дожд, електрични празнења и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се движи од од 10 до 15 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 22 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од 14 до 27 степени.

И во четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилни врнежи од дожд. Потоа од петок ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.