Вечерва почувствуван земјотрес во Струмица и Валандово

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 17 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 120 км југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.8, а беше почувствуван од населението во Струмица, Валандово и околината, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала