Вечерва пороен дожд, од утре посвежо време

214

Времето до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе се интензивираат, особено во северните делови. Ветерот во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен и ќе се засилува, особено во горниот дел на Повардарието.

Како што соопшти УХМР, времето утре ќе биде облачно и значително посвежо, во поголем дел од земјава со врнежи од дожд, локално поројни проследени со грмежи и засилен северен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд, над 20 литри на метар квадратен.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 21 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи, особено претпладне, а ќе дува и засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 24 степени.

Во вторник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а услови за локален дожд ќе има само во источните делови. Од среда ќе настапи стабилизација со постепен пораст на дневната температура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.