ВЕЧЕР: Рекетот на Боки 13 се исплаќал и во Србија

Аферата рекет станува меѓународна тема, не само затоа што во барањата за нејзиниото темелно расчистување учествуваат САД и ЕУ кои се и ментори на создавањето на СЈО кое е директно прозвано и препознаено како учесник во рекетот на бизнисмени од страна на државни институции, политичари и поединци, туку и текот на парите излегува од Македонија и станува меѓународен криминал и, како таков, истрагата за рекетот е речиси невозможно да биде заташкана иако во јавноста масовно се создава впечаток дека македонската истрага не ја врши својата работа согласно законот и серизоноста на делото, пишува Вечер.

Порталот Вечер има ексклузивни сознанија од српските органи кои се занимаваат со организиран криминал, особено финансиски, дека рекетот на Боки 13 се исплаќал и во Србија, и дека во целата постапка е вклучен и советникот на премиерот Заев, Зоран Башановиќ од Белград.

Не е познато дали лицето кое е рекетиранo и платило го пријавило рекетот и со тоа се ослободило од обвинение за давање поткуп.

Според сознанија на „Вечер“ неодмана, во текот на истрагата, едно друго лице за кое има сознанија дека дало поткуп одбило истото да го потврди и ќе биде предемт на прогон за дело давање поткуп, а веќе има истрага за него во случајот Империја.

Имено, и во домашната јавност веќе се пишуваше дека еден од рекетираните кои се под истрага на СЈО, е и поранешниот директор на Телеком Жарко Луковски. Според сознанијата на порталот Вечер и тој преговарал со Боки Тредичи да има повластен статус во истрагата и да нема последици од СЈО, и за тоа платил рекет од 400.000 евра. Парите се исплатени во Србија, во две исплати, 100.000 плус 300.000 евра. Во процесот учествувал и српскиот бизнисмен, советник на премиерот Заев, Зоран Башановиќ.

Целиот тект прочитајте го ТУКА