„Вечерите на Женски права” по повод Денот на жената

По петти пат во организација на Град Скопје ќе се одржат „Вечери на Женски права“ од од утре до осми март во Кинотека на Македонија.

Во текот на трите дена ќе бидат прикажани три документарни филмови од новата светска и регионална продукција, кои ќе бидат проследени со дебати, а предивидени се и придружни настани.

Утре во 20 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат свечено отворени „Вечерите на Женски права” со проекција на американскиот документарен филм „Се роди женско” (It’s a girl), по што ќе следува дискусија на тема „Кога женско се раѓа и стреите плачат”.

Во петок во 20 часот ќе биде прикажана проекција на автралискиот документарен филм „Јас сум девојка” (I’m a girl), по што ќе следува дискусија на тема „Колку ги остварувам моите соништа”.

На последната вечер во 20 часот ќе биде прикажана проекција на документарниот филм „Животот не е хавајска песна” (Nije ti zivot pjesma Havaja), а „Вечерите на Женски права” ќе бидат затворени со дискусија на тема “Семејни односи и проекции за иднината”.

Настанот се организира под покровителство на Градот Скопје, во соработка со UN Women, Кинотеката на Македонија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Институтуот за родови студии при УКИМ, а како партнери се јавуваат и Еквирас асоцијација за еднаквост и права и студентското списание Излез.