Вечерва е Стара нова година, утре е Василица

Новата година на 1-ви Јануари се слави според Грегоријанскиот календар, кој е и најприфатен во светот.  Според Јулијанскиот календар пак вечерва на полноќ настапува Православната нова година или Стара нова како што е наречена меѓу народот. Традицијата да се слави овој празник се негува во Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Ерусалим, а постои и во некои германски кантони во Швајцарија, како и во некои делови на Шкотска.

Обичаите налагаат да се крши погачата со паричка и според верувањето на тој што ќе му падне, ќе има среќна и бериќетна година.

Утре, православните верници ги празнуваат Обрезание Господово и Свети Василиј Велики или Василица. По тој повод во храмовите се служи света Василиева литургија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.