9.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Вечерва Тетово и Струмица се најзагадени градови

Воздухот во Македонија и вечерва е загаден покажуваат мерните станици за квалитет на воздухот.

Мерните станици покажуваат дека вечерва воздухот е најзагаден во Општина Тетово и Струмица, каде што според мерните станици загаденоста во Тетово е 328 ПМ 10честички на метар кубен, или над 6 пати повеќе од дозволеното.

Додека пак во Струмица се измерени 230 ПМ10 честички на метар кубен, односно 4 пати повеќе од дозволеното ниво.

Во градовите нема никакви предупредувања или пак загриженост од општинските власти.