Вечерва во Охрид свечена академија по повот Денот на Свети Климент Охридски

Во Охрид се во тек низа активности по повод одбележувањето на утрешниот голем празник, 8 Декември, Денот на Свети Климент Охридски, патронот на градот.

Централен настан е Свечената академија, која ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. На Академијата ќе биде врачена Свети Климентовата награда, која, оваа година, ја доби архимандритот Нектариј од манастирот „Св. Наум Охридски“.

Со многубројни свеченоста се одбележува и патрониот празник на гимназијата „Св. Климент Охридски“.

Денеска напладне, во големата сала на Општина Охрид, ќе биде одржана промоција на делото „Книгата за светите браќа Климент и Наум“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Книгата е во издаваштво на општина Охрид, уредник е Митре Вељаноски, по чии заложби досега е објавена едиција на значајни дела од македонската историја, лингвистика и книжевност.