Вечерва врне снег на Попова Шапка, УХМР најавува нови врнежи и наредните денови

Според прогнозата на УХМР од вечерва во северозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а попладне од јужен правец.

Во понеделник попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува пообилни да бидат во западните делови.

Температурите во следните денови ќе бидат повисоки, освен во вторник кога ќе дува засилен северен ветер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.