Велјановски: Мнозинството во Собранието носи закони само од интерес на власта и мали групи

Собранието е гласачка машинерија на власта, имено не се носат закони коишто се од интерес на граѓаните и на посебните групи, туку се изнаоѓаат модуси и решенија како да се дојде до законски решенија кои ќе обезбедат некаков бенефит за власта или за мала група луѓе, истакна Александар Велјановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

Велјановски потсети на неостварените ветувања на актуелната власт уште од пред пет години коишто им ги даваше на граѓаните. Посочи дека претставниците на власта  ветуваа сигурни чекори за заштита на правата, дека ќе биде отворено специјално одделение во обвинителството коешто ќе го следи процесот и постапките кои што се водат врска со физички напади итн, но оти досега граѓаните гледаат дека од тие ветувања нема ништо.

„Сметам дека се уште имаме системски проблем на нефункционалност, на министерството за внатрешни работи, на обвинителството и на судовите. Ги слушав изјавите на новинарите и сметам дека токму и во таа насока ги таргетираат проблемите кои што ги имаат односно во непостапувањето на министерството за внатрешни работи, во непостапувањето на обвинителството и во одолговлекување на постапките на судовите“, истакна пратеникот Велјановски.

Посочи дека граѓаните имаа еден ефикасен систем, ќе се намалеа и нападите врз медиумските работници.

„Сметам дека за жал тука системот затајува и не е на висината на задачата. Очигледно е дека има потреба од подобрување за законот“,  рече Велјановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.