Велјановски: Потребни се политичари кои нудат реални проекти кои ќе ги реализираат

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Шестата изборна единица, Александар Велјановски, на вечерашната дебата на 24 Телевизија истакна дека на граѓаните им е преку глава од лажење, потребни се политичари кои нудат реални проекти кои ќе ги реализираат.

„Она што би сакал да го напоменам од комуникацијата со граѓаните на Македонија им е потребна стабилна политика, политичари кои нудат реални проекти кои можат да ги реализираат“, вели Велјановски.

Истакна дека Коалицијата за Обнова на Македонија ги застапува сите граѓани, се надева дека граѓаните ќе се препознаат во програмата и токму затоа во овој период се трудат таа програма да ја достават до поголем број на луѓе.

Велјановски наброи дека во проектот обнова предвидени се четири столба и тоа за ефикасна држава и силни институции, столб за конкурентен приватен сектор, интегрирана и стабилна безбедна земја и столб за подобри услови за граѓаните.

„На луѓето им е преку глава од лажење,затоа нашиот економски тим ја креираше програмата во рамки на сегашните можности на Буџетот, со истата ќе придонесеме до подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија“, додаде Велјановски.