Велјановски: Владината одлука за укинување на економските мерки е катастофална со несогледливи штети по џебот на граѓаните и стопанството

Вчерашната одлука на Владата да ги укине мерките за заштита на цените на прехрамбените производи е катастрофална, која ќе нанесе несогледливи штети по џебот на граѓаните, како и на стопанството и на целата економија, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.

Тој во вечерашното интервју на телевизија Шења истакна дека укинатите антикризни мерки меѓу кои и замрзнување на цените, на некој начин, колку толку гарантираа дека основните прехрамбени производи за кои сега граѓаните ќе плаќаат енормно високи цени за овие производи за секојдневна исхрана.

Се работи за укинување на мерките со кои што владата на некој начин гарантираше дека основните прехрамбени производи, ккао што се млекото, лебот, јајцата, маслото за јадење ќе бидат продавани со нула ДДВ и со кои маржите беа ограничени. Од вчерашната одлука имаме укинување на овие мерки се враќа ДДВ за основните производи и се укинува маржата, односно добивката и со тоа се дозволува одредување на цената на призиводите од страна на трговците. Така да граѓаните ќе плаќаат енормно високи цени за лебот, за маслото за јадење, за млекото, за јајцата и за други птоизводи кои се и те како потребни за нивната секојдневна исхрана“, вечи Велјановски.

Потенцираше дека ова е дитектен упад вр џебот на граѓаните што ќе придонесе за зголемување на сиромаштијата, кога во моментов имаме 40 проценти од домаќинствата кои не можат да ги обезбедат основните прехрамбени производи на нивните трпези.

„Според најновите податоци околу 40 проценти од семејствата во државата неможат да си дозволат да јадат она кое што го сакаат, односно не можат да си дозволат основни прехрамбени производи, што преставува поразителна политика за оваа власт која што веќе влегува во шестата година од своето владеење. Имаме шест години владеење на СДСМ-ДУИ а од друга страна имаме поразителни резултати. Во текот на вчерашниот ден се случи експлозија на цените на нафтените деривати, па така од денес граѓаните за литар бензин плаќаат 106 денари, што од утре ќе биде поскап за 2-3 денари“, рече Велјановски.