Велес подготвува проекти за програмата за рурален развој

Локалната самоуправа на Велес ги подготвува проектите кои ќе се финансираат преку владината програма за рурален развој. Сумата од 140 илјади евра предвидена за урбаните општини, Велес планира да ја инвестира во поголемите населени места. Ќе гради водоводни мрежи, канализациони системи и подобрување на патната инфраструктура.

Минатата година, преку програмата за рурален, општина Велес реализираше три проекти. Изгради канализациона мрежа во селото Раштани, ги уредуваше центарот на иванкови и пешачката патека околу езерото Младост.

Вчера министерот за финансии Зоран Ставрески објави дека општините на располагање имаат над 20 милиони евра за проекти во руралните средини. Парите се неповратни, а Министерството за финансии ги обезбедени преку Европската Унија.