Велешанец исчезнал пред шест дена

Четириесет и шестгодишниот Ганчо Симсаров од Велес исчезнал пред шест дена. Тој на седумнаесети овој месец во вечерните часови излегол од својот дом и не се вратил.

Ганчо е висок околу 170 см, тежи околу 80 килограми и има кратка црна коса.

Последен пат кога излегол од дома бил облечен во сини фармерки, црна јакна-монтка и патики.

Роднините на Симсаров и полицијата апелираат до граѓаните доколку го забележат или имаат било какви информации околу него да пријават во полиција на телефонскиот број 192 или на телефон  076-563-440 .