Велешанец почина во пожар во неговиот дом

Во четвртокот (16.03.2023) рано утрото во 4,27 часот во Полициската станица во Велес било пријавено дека во куќа на улица „Коле Цветков” во Велес настанал пожар.

Во куќата бил пронајден починат сопственикот, 58-годишниот велешанец М.Ц., кој настрадал во пожарот.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.