Велешанец се обидел да прегази полицајци

Триесет и четиригодишниот Е.Н. од Велес доби кривичка пријава за фалсификување исправа и напад врз полицаец.

Тој на втори овој месец, на регионалниот пат Богданци-Валандово, при обид да биде сопрен со своето возило од страна на полицијата, не застанал туку продолжил да се движи кон нив со намера да ги прегази, а потоа продолжил да се движи по земјен пат, по што го сопрел возилото и се дал во бегство.

По преземени мерки пријавениот е пронајден, а од извршена контрола е утврдено дека на товарното возило имал поставено регистерски таблички од патничко возило.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.