Велешанец со метален предмет нападнал сограѓанин, му го оштетил и автомобилот

На 27.01.2022 околу 21.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле С.Б.(40) од Велес, затоа што околу 20.00 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес со метален предмет го нападнал Д.А.(20) од Велес, по што оштетил и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на К.М. од Велес.

С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.