Величковска: Градоначалникот Дамјановски не го засега што кумановчани се дават во кал

182

Градоначалникот на Куманово од СДСМ, Зоран Дамјановски, не го засега тоа што граѓаните се дават во кал и на повеќе локации при поголем дожд се формира кал во кој тонат и автомобилите тонат а децата не може да се играат низ маалото, рече во саботата Цветанка Величковска од Општонскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Зборувајќи за новинарите од кумановската населба „Перо Чичо“ во месноста Гладно поле, Величковска посочи дека е забележливо оти на оваа локација животот на граѓаните е отежнат и доолнително искомплициран од, како што рече, неодговорните служби на градот Куманово и градоначалникот Дамјановски.

„Со години бараме асфалтирање на улиците и приклучок на канализациона мрежа, но по се надлежните немаат слух. Укажувањата до локалната власт стануваат практика во овој град, на која нема одговор ниту каква било реакција. Граѓаните тука редовно си ги плаќаат своите сметки кон општината и комуналните претпријатија. Затоа заслужуваат изградба на целосна комунална инфраструктура уште години наназад кога почнале да ги градат своите домови. Досега не е ништо направено“, рече Величковска.

Го потсети градоначалникот на пропустите и воедно го запраша до каде е со решавањето на проблемот со именувањето и нумерација на улиците во Гладно поле. Бидејќи, како што посочи претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, жителите таму се соочуваат со огромни проблеми при вадење на личните документи, примање и праќање поштенски пратки и слично.

„Очигледната незаинтересираност на градоначалникот и неговите локални функционери на СДС кај граѓаните предизвикуваат бурни реакции. Ветувањата пропаднаа, граѓаните останаа измамени и измануплирани. Начинот на кој постапуваат со граѓаните и дадените ветувања говори за тоа каква партија е СДС, неодговорни и насилни“ додаде Величковска и порача дека граѓаните долго време ја трпат неговата неодговорност, бидејќи наближуваат локалните избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.