Велика Британија ја забранува употребата на TikTok на службените мобилни телефони

Велика Британија најверојатно денеска ќе објави забрана за користење на апликацијата TikTok на службените мобилни телефони, следејќи ги другите западни земји кои исто така ја забранија апликацијата на кинескиот пазар, јавија британските медиуми.

Британскиот национален центар за сајбер безбедност анализира дали е неопходно да се забрани користењето на TikTok на службените мобилни телефони, додека САД, Канада, Белгија и Европската комисија веќе ја забранија употребата на оваа апликација.

На прашањето за можна забрана на TikTok, министерот за безбедност Том Тугендат претходно рече дека разбирањето на предизвиците што ги поставуваат овие апликации е „исклучително важно“.

Од TikTok истакнаа дека би биле разочарани од таквата забрана. Владата денеска треба да објави соопштение за безбедноста на своите уреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.