Велика Британија ќе им ги намали субвенциите за струја на компаниите

Обединетото Кралство денеска објави дека ќе ги намали енергетските субвенции за компаниите за оваа финансиска година, на 5,5 милијарди фунти (околу 6,25 милијарди евра), откако владата оцени дека сегашното ниво на поддршка е неодржливо скапо.

Сегашната шестмесечна програма за поддршка на енергијата, која ќе истече на крајот на март, се очекува да изнесува 18,4 милијарди фунти (околу 20,9 милијарди евра).

„Мојот врвен приоритет е справување со зголемените трошоци за живот – нешто со што се борат и семејствата и бизнисите“, рече британскиот министер за финансии Џереми Хант во изјавата, пренесе Танјуг.