Велика Британија има намера да отпушти 90.000 државни службеници

Британскиот премиер Борис Џонсон ги задолжи членовите на неговиот кабинет да направат план за бројот на вработени во јавните институции се врати на ниво од 2016 година, што значи отпуштање на петина од моментално вработените службеници.

Министрите треба да направат план со кој ќе се направи заштеда од над милијарда долари во буџетот, што претставува дел од мерките кои имаат за цел олеснување на граѓаните со моменталната криза со трошоци за живот, но и ќе овозможи усвојување на законот за намалување на данок.

Премиерот Џонсон побара планот да му го достават за еден месец, а обемот на работна сила во административните државни сектори да се врати на ниво од 2016 година.

Во државна служба во оваа земја се вработени 475.000 луѓе, а намерите на премиерот бројката да се намали според многумина е окарактеризирана како популизам и неодговорен обид за намалување на државниот апарат.

Но, Џонсон не попушта.

„Секоја фунта што им се исплаќана службениците им припаѓа на граѓаните, а тие можат парите попаметно да ги искористат за сопствените животни потреби и приоритети“, укажа премиерот.

Британската влада објави изјава во која е наведено дека во моменталната ситуација растат трошоците за живот, а јавноста очекува од власта да преземе конкретни чекори за да се носи со кризата.