Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон вчера најави дека Велика Британија ќе инвестира 700 милиони фунти во новата нуклеарна централа „Сајзвел Ц“.
„Сигурен сум дека ќе го средиме тоа во наредните недели. Ќе го решиме затоа што би било апсолутно лудо ако не го направиме тоа“, рекол Џонсон, пренесува Ројтерс.
Инвестирањето во нуклеарната енергија се совпаѓа со напорите на Велика Британија да ја намали зависноста од руските енергетски извори и да ги задоволи нејзините потреби на домашниот пазар.