Велика Британија: За социјална помош 1,4 милиони нови молби, седумпати повеќе од нормално ниво

Covid-19 blood test tube against national flag of United Kingdom. Testing for diagnosis new coronavirus. Great Britain virus outbreak.

Властите во Велика Британија добиле околу 1,4 милиони нови молби за исплаќање социјална помош, речиси седумпати повеќе од нормалното ниво. Тоа се случува откако премиерот Борис Џонсон ги повика луѓето пред еден месец да останат дома поради пандемијата со новиот коронавирус.

– Сега молбите се околу 1,4 милиони, рече министерката за труд и пензии Териз Кофи.

Исплатите се за помош за луѓе со ниски приходи, кои работат помалку часови како и за лица кои загубиле работно место. Владата се обидува да обезбеди 80 отсто  од платите на службениците кои времено се ослободени од работа и да ги зголеми социјалната помош за останатите кои се без работа.

Според аналитичари, Лондон се насочува кон најголемиот економски пад во изминатите 100 години. Минатата недела Владата објави дека луѓето кои поднеле молби за социјална помош до 16 март биле 1,2 милиони.