Велика Британија годишно ќе очекува 77.000 имигранти од Бугарија и Романија

59

Велика Британија треба да очекува секоја година по 77.000 имигранти од Бугарија и Романија за период од пет години, се наведува во извештајот од Институт за демократија со седиште во Вашингтон и Лондон.

Мигрантите не се виновни за тоа што се обидуваат да ја подобрат својата судбина и го користат системот за оваа намена, пишува во извештајот, објавен на сајтот на институтот. Ниту Европската унија е директно одговорна за оваа ситуација.

„Со два збора , одделните влади, а не индивидуалните имигранти, се виновни за ‘кашата’, во која многу Европејци сметаат дека е заглавена миграциската политика“, се вели во извештајот.

Развиените држави се повеќе привлечни за два типа мигранти. Поголемиот дел се оние со добро образование и висока квалификација, кои планираат да ги зголемат своите приходи преку подобро платена работа во богатите земји на ЕУ. Една помал, но не и незначителен дел, се необразовани, неквалификувани луѓе кои имаат корист од бенефициите кои владите на богатите европски држави ги нудат.

Британското издание „Дејли експрес“ објави напис под наслов, „Бугарски професионален криминалец, арамија на британски домови, докажува зошто треба да наметнеме контрола врз приливот на имигранти“. Емил Методиев беше само осум дена на островот, кога бил уапсен при кражба на накит, пари и кредитни картички од своите жртви, пишува изданието.

„Криминален бран, од Бугари и Романци го зафати Лондон, кои доаѓаат тука не за да работат, туку за да вршат злосторства“, тврди пратеникот конзервативец Филип Халабен.

„Колку повеќе докази ни се потребни за тоа дека отворената имиграциона политика привлекува секакви криминалци“, прашува европратеникот Џерард Батон од Партијата на независноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.