Велиновска: СДСМ глумат дека се бранители на слободата на изразување, а ми го ограничија правото на збор

„Досега многу пати сме гледале како пратеници од опозицијата го пречекоруваат времето, може и јас сум го пречекорила не ги мерам секундите, но тоа се само формалности. Бев прекината бидејќи ги кажував случаите на ивршена репресија на оние политичари кои сега глумат дека се бранители на слободата на зборот“, изјави  Мирка Велиновска во изјава за Курур, откако денеска скандалозно беше прекината  во нејзиното обраќање на Надзорната расправа во Собранието посветена на правото на презумпција на невиност, притворот, слободата на изразување и правото на јавен протест.

Велиновска потенцираше на истите пратениции кои ја прекинувале и дофрлувале не им било пријатна темата на која таа зборувала, при што и го ограничиле правото на збор.

„Ги кажував случаите на извршена репресија на оние политичари кои сега глумат дека се бранители на слободата на зборот.  Ги набројав покрупните случаи, кои очигледно овие пратениции не сакаа да ги слушнат. Затоа што јас зборував со имиња и презимиња и некои од тие имиња кој вршеле репресија врз новинари се и актуелни пратеници на таа партија во овој состав и најгласни борци за слобода, нормално дека тоа не беше прјатно за нив. Јас како и секогаш зборував со аргументи, со сведоци и со имиња и презимиња, јас сум новинар и мојата професија ја сваќам многу сериозно и одговорно. И додека зборував во салата еден пратеник гласно ми дофрли дека некогаш и јас ќе отидам во затвор, на што искоментирав дека во тоа не се сомневам. Овие случаи за кои јас зборував се документирани и за нив сум пишувала и тоа со име и презиме, а за нив не беше пријатно да слушнат дека владата што ја обвинуваат за диктатура врз медиуми, за репресија на новинари, никогаш во ниеден случај во овие седум години не ми се обратила или заканила, ниту пак побарала од мене услуга“, потенцираше во изјава за Курир, Велиновска.

Таа рече дека не зборувала само за искуствата кои ги имала во времето кога власта ја имаа социјалдемократите, туку ги споделила сите нејзини искуства од 1990 година па наваму, меѓу кои и инцидентите што ги имала со актуелната влада, но во тоа никој не ја прекинувал.

„Ги набројав и инцидентите кои што сум ги имала со ВМРО од членови кои ми ја каменуваат куќата и кои во 2001 година се извинија за тоа што го сториле и јас го сметав за доблест тоа дека се покајаа за стореното. Имав и две тужби од Љупчо Горгиевски во времто кога беше премиер,  ме тужеше како граѓанин, но ги повлече тужбите уште пред  да почне процесот. Ги набројав  со факти и најкрупните десет искуства со владите на СДСМ во кои сум настрадала јас и моето семејство и тоа не им беше пријатно на нив па ме прекинаа. Јас ги разбирам дека им е непријатно, но неможам да лажирам вистини, тоа е вистината. Они изгледа не се научени на тоа и јас на крај им искоментирав да не се чудат зошто не им оди со народот и дека уште не сватиле дека ние не сме нивни закрепостени селани, туку дека сме граѓани на Македонија“, рече Велиновска.

Според неа, кога веќе социјалдемократите се излезени на политичкиот пазар и закупилае тезга, треба да бидат  љубезни кон потенцијалните муштерии, а штом ги навредуваат и  им се закануваат, како што потенцираше Велиновска, неможат да очекуваат политички успех.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.