Вељаноски ќе оствари средба со Вајгл

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски ќе оствари средба со новиот известувач на Европскиот Парламент за Република Македонија, Иво Вајгл.

Во текот на вчерашниот ден со Вајгл остварија средби и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски.