Велјаноски: Порој е доказ дека со секој изминат ден граѓаните се уверуваат во несериозноста на Заев и СДСМ

Со секој изминат ден граѓаните сé повеќе се уверуваат во несериозниот однос на премиерот Зоран Заев и неговиот СДСМ, како во селото Порој каде што и по еден месец од поплавите што го погодија ова населено место сé уште состојбата на патиштата и мостовите не е нормализирана, и покрај ветувањата дека за една седмица овие пробллеми ќе се решат, чистењето е целосно запрено, а механизацијата е целосно повлечена, рече во вторникот Алекандар Велјаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве денеска се наоѓаме во селото Порој каде што и после еден месец од поплавите што го погодија ова населено место се уште состојбата на патиштата и мостовите не е нормализирана. И покрај ветувањата дека за една недела овие работи ќе се решат, чистењето е целосно запрено, а механизацијата е целосно повлечена. Зоран Заев дојде, се фотографираше, им ветуваше на граѓаните и си замина. Освен позирање, граѓаните не видоа никаква полза од него“, рече Велјаноски.

Освен овој проблем, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, опасност за жителите претставува главниот мост на патот Тетово – Јажинце за кој има потврда и од Дирекцијата за заштита и спасување дека е премногу оштетен и опасен за сообраќај.

„Ветувањата кои ги даваше Заев и за санација на овој мост и изградба на неколку други, како и сите останати ветувања од страна на СДС засега се само ’мртва буква на хартија’. Граѓаните на Порој секојдневно го тестираат трпението и живеат со проблемите од нереализираните ветувања на овој човек. Јавноста веќе еден месец откако СДС ја води владата чека да види еден коструктивен и позитивен проект наместо манипулации и позирање“, рече Велјаноски.

Ги повија Заев и неговата СДСМ „наместо да продава демагодија и лажни ветувања“ веднаш да почнат да ги остваруваат ветувањата дадени пред граѓаните.

„Бараме веднаш да почнат со вистински и континуирани работни активности и изградба на брани се со цел да се реши овој горчлив проблем за жителите на село Порој и околните населени места. Владата е таа која има одговорност да ги решава проблемите на граѓаните, и тоа да го прави со конкретни дела и активности, а не само со празни зборови и ветувања“, додаде Велјаноски.