Вељаноски со честитка до српската заедница по повод празникот Свети Сава

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, упати честитика до припадниците на српската етничка заедница во земјава, по повов празникот Свети Сава.

Подолу интегрално ви ја пренесуваме честитиката од спикерот Вељаноски:

Преку негувањето на националните празници како денешниот, посветен на најголемиот српски просветител и светец кој е препознатлив симбол на српскиот народ, најдиректно се почитуваат традиционалните вредности. Српската заедница во Република Македонија заедно со останатите, преку индивидуалните успеси придонесуваат во унапредување и напредок на државата во сите полиња на општествениот живот, но треба да продолжиме континуирано да работиме на меѓусебно разбирање и зближување на сите граѓани.

Сакам да истакнам дека во Република Македонија имаме заедничка определба за почитување на верските права и културните особености, а со тоа допринесуваме во градење на европска и демократска Република Македонија во која се промовира недискри­минацијата и се овозможува еднаквост за сите граѓани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.