Вељаноски на средби со конгресмени од САД

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски кој престојува во Вашингтон, на 64-от Молитвен појадок, оствари средби со неколку членови на Конгресот на САД.

Поддршка за Македонија од членовите на Конгресот на САД

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот на Собранието, на средбата со конгресменот  Бил Паскрел беше искажано задоволство од долгогодишното пријателство кое конгресменот го негува со Република Македонија и кое ќе продолжи во иднина.

Конгресменот Паскрел ја изрази неговата посветеност и поддршка на Република Македонија за нејзино што поскоро добивање членство во НАТО Алијансата. Конгресменот искажа интерес за моменталната политичка состојба во Република Македонија.

Претседателот Вељаноски го информираше за политичката криза со која земјава се соочува во изминатиот период и за постигнатиот политички договор меѓу партиите. Исто така, Вељаноски истакна дека за Македонија е особено важно да се спроведат предвремените парламентарни избори, бидејќи народот е најдобар судија, а неговата одлука треба да ја почитуваат сите.

Вељаноски на средби со конгресмени од САД
Вељаноски на средби со конгресмени од САД

Како што стои во соопштението, една од темите на разговор беше и мигрантската криза и последиците кои произлегуваат од неа. Конгресменот Паскрел истакна дека не е првпат македонскиот народ да се соочи со ваков проблем на своја територија и дека во минатото, при посета на Република Македонија, бил сведок за добрата волја на Македонците да помогнат на другиот кога му е најпотребно.

На крајот на средбата претседателот на Собранието Вељаноски упати покана до конгресменот Паскрел да ја посети Република Македонија со што би имал можност одблиску да се запознае со актуелните случувања во државата.

Покрената иницијатива за донесување Резолуција за влез на Македонија во НАТО

Вељаноски оствари средба…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.