Вељаноски: Водици го симболизира зачетокот на човековото живеење во верата

Спикерот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски, упати честитка до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија и до сите православни верници на Македонската православна црква во земјата и во странство, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Честитката подолу интегрално ви ја пренесуваме:

Празнувањето на Богојавление – Водици го симболизира зачетокот на човековото живеење во верата, неговото духовно раѓање и прочистувањето на човековата душа. Со осветување на водите го продолжуваме Христовото учење, преку кое треба да се обединиме, да водиме мирен и спокоен живот и нашата верба да биде силата со која ќе ги издржиме сите предизвици и искушенија.

Денес, православните верници во Македонија го одбележуваат крштевањето на водите која е вековна традиција и која ги зближува и обединува луѓето. Така треба и да продолжиме понатаму, да се поддржуваме и да чекориме сигурно по патот на нашата заедничка цел, а тоа просперитетна иднина за генерациите што следат.

Нека ни е честит и вековит овој голем христијански празник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.