Вељановски е приведен за 27 април, се трага по уште двајца

Поранешниот спикер Трајко Вељановски е приведен за настаните од 27 април, објавува „Фокус“, чија информација е потврдена од Обвинителството за организиран криминал.

На Вељановски во обвинителството ќе му се презентира што му се става на товар, но тој вечерва не може да биде ставен во притвор, бидејќи засега го штити пратеничкиот имунитет.

Покрај пратеникот Трајко Вељановски, денеска во обвинителството за крвавиот четврток приведени се уште двајца осомничени со иницијали М.Ј. и С.Р., за кои засега не го откриваат идентитетот.

Исто така, од обвинителството за „Фокус“ информираа дека во моментот се трага по уште два лица, за кои исто така не откриваат кои се.