15.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Вељановски: Тројца министри не си поднесуваат оставка, значи дека не се согласуваат со предлогот на Заев за нивна смена

Предложивте шест министри за разрешување, од кои тројца се повлекоа со оставки, останаа уште тројца за разрешување, што значи дека немате контрола на нив, односно не се согласуваат со вас за да бидат сменети, рече во средата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, на седницата за реконструкција на Владата.

Тоа е знак, како што посочи Вељановски, дека не се согласува и минстерот за финансии Драган Тевдовски со ова што го кажувате, со ова што го предлагате и со нешто што сте сакале да му наметнете нешто да прави,

Вељановски укажа дека Заев не може да биде и претседател и министер, посочувајќи му дека со министерството раководи министерот, а во случај на отсуство на министерот, го заменува заменик министерот