Велосипедист почина за време на трка

Белгискиот велосипедист, Мишел Голартс (23), член на тимот „Veranda’s Willems-Crelan“ почина како последица срцев удар за време на вчерашната трка Париз-Рубаи. Велосипедистот веднаш бил однесен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

Уште за време на директниот телевизиски пренос гледачите можеле да ги забележат лекарите како му даваат вештачко дишење на Белгиецот, но не му помогнал ниту брзиот транспорт во болница.

Голартс доживеал инфаркт додека возел, по што паднал од велосиедот и добил дополнителни повреди.