Велосипедист повреден во сообраќајка во Битола

Во вторникот околу 13.30 часот на крстосницата од улиците „Филип Втори Македонски“ и „Баталјон Стив Наумов“ во Битола, патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Е.Р. од Битола, удрило во велосипедист 67-годишниот А.К. од Битола.

Во незгодата, велосипедистот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола, информира МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Битола.