Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Шеесет и шест годишниот Ј.А. од Кавадарци се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на улицата „Страшо Пинџур“ во с. Ваташа, кавадаречко.

-„Форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Л.Ѓ.(31) од Кавадарци, удрило во велосипед управуван од Ј.А.(66) од Кавадарци. Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.