Велосипедист усмртен во сообраќајка кај Маџари

Велосипедист го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа во 01.30 часот се случила на улицата „Маџари“.

Патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.на 25 години  од Скопје удрило во велосипед управуван од 58-годишниот А.А. од Скопје, информира МВР.

Велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.