Велосипедистка касната од куче на улица Македонија

Скопјанка била касната од куче скитник вчера на улица Македонија, информираше МВР.

Според полицијата, Б.Л. (41) утрото околу 9 часот се возела со велосипед низ центарот на Скопје кога ја нападнале повеќе кучиња скитници.Едното од нив ја каснало на десната потколеница.

Истата вечер околу 21 часот додека се движел пеш по улицата Ташко Караџа, М.В. (20) бил нападнат од куческитник кое го каснало за десната потколеница.

Од МВР информираат дека во центарот на Скопје во петокот на улицата Антонио Грубишиќ од куче скитник бил каснат М.Т. (50) од Скопје. Тој добил повреди на левата потколеница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.