Венецијанската комисија со протестно писмо до Османи и Заев

По заканите од Османи, Венецијанската комисија испратила писмо до кабинетите на Османи и премиерот Заев во кое протестира за владиниот притисок врз Тања Каракамишева.

Заканите на вицепремиерот Османи дека нема да го испрати законот за јазици во Венецијанската Комисија се додека таму македонски претставник е професорката Тања Каракамишева, предизвикал огромен скандал во телото на Европската Унија која дава оценка за закони.

По заканите од Османи, Венецијанската комисија испратила писмо до кабинетите на Османи и премиерот Заев во кое протестира за владиниот притисок врз Каракамишева.

Само што добив инфо од генералниот секретар на Венецијанската комисија дека согласно правилата на Комисијата, владин притисок врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев, вели за случајот професорката Каракамишева според која „да имаше слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана.

Вицепремиерот Османи е главен македонски преговарач со ЕУ кој очигледно не ги познава принципите на работа на европските институции како што е Венецијанската Комисија.

Тој пред неколку дена изјави дека нема смисла да се испраќа Законот за јазиците на оценка во Венецијанската комисија, додека таму претставник на Македонија е професорката Тања Каракамишева. Според Османи, тоа е пречка бидејќи Каракамишева влијаела на другите членови и тие не можеле објективно да одлучуваат за одредбите на Законот.

На ова, професорката реагираше и објави пост на Фејсбук дека „деструктивниот елемент“ кој го посочува Османи, е професорка по Уставно право и политички систем кој нема да се повлече до 2020 година додека и трае мандатот.

Правилата на употреба на малцинските јазици во државите, г-дине Османи, не зависат од професор Каракамишева, ниту пак зависат од Вас, за целата среќа.Тие правила мора да бидат во согласност со меѓународните и европските документи за правото и опсегот на употреба на истите во државите, напиша Каракамишева која најави дека за „срамниот коментар“ на вицепремиерот, ќе ги информира претседателот, генералниот секретар и сите членови на Венецијанската комисија.