Венецуела го отфрли ултиматумот на челниците од ЕУ

Венецеула во саботата во седиштето на Обединетите нации во Њујорк го отфрли ултиматумот кој ѝ го поставија претседателите на Франција, Германија и Шпанија во рок од осум дена да распише избори под закана дека ќе ја признае владата на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо кој во средата се самопрогласи за привремен претседател на државата.

„Никој нема да ни одредува рокови, ниту да ни кажува дали мораме да распишеме избори или не. Кој сте вие да поставувате ултиматум на една суверена влада? Тоа мешање во внатрешните работи“, рече венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареза во седиштето на ОН во текот на седницата на Советот за безбедност.

Претходно во саботата попладнето францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и шпанскиот премиер Педро Санчез во координирани изјави го повикаа претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во рок од осум дена да распише нови избори, а во спротивно ќе го признаат опозицискиот лидер Хуан Гиаидо, кој се самопрогласи во средата, за привремен шеф на државата.

Мадуро не сака да се повлече од власта, и покрај јакнењето на притисокот од САД и нивните сојузници кои сметаат дека победил на контроверзни избори минатата година. Челниците од ЕУ засега отворено не ги признаа Гуаидо, туку и него го повикаа да одржи демократски, слободни, транспарентни и веродостојни избори за народот да избере влада којашто навистина ќе ја претставува волјата на граѓаните.

„Доколку следните денови не најави организирање нови избори со потребните гаранции, ЕУ ќе преземе натамошни чекори, вклучително во врска со прашањето со признавање на раководството на земјхата во согласност со челнот 233 од уставот на Венецуела“, се наведува во соопштението на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Станува збор за член од уставот на Венецуела за кој во петокот весникот The Wall Street Journal, повикувајќи се на извори од американската администрација, објави дека бил споменат во сигналот кој потпретседателот Мајк Пенс му го дал на Гуаидо пред да се самопрогласи за претседател. Како што се истакнува во текстот на WSJ, „Пенс ветил дека САД ќе го поддржат (Гуаидо), доколку ја преземе контролата над владата од Николас Мадурио, посочувајќи на една од одредбите во уставот на оваа јужноамериканска земја“.

Ситуацијата во Венецуела беше тема и на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која САД ги повикаа членките на светската организација да „застанат со слободарските сили на Хуан Гуаидо“, охрабрени од поддршката од ЕУ.

Русија, која заедно со Кина, Иран, Турција, Куба, Боливија и Никарагва, претходно седмицава му даде поддршка на Мадуро и бара да се почитува меѓународното право и да нема мешање во внатрешните работи на суверени земји, порача дека станува збор за „голема злоупотреба на овластувањата“ на Советот, но беше надгласана од девет од петнаесетте постојани и непостојани членки на ова телот на ОН.

Сепак, Русија, Кина, Јужноафриканската Република и Екваторијална Гвинеја блокираа пред седницата по предлогот на САД, Советот за безбедност да донесе изјав во којашто ќе се изрази целосна поддршка на венецуелското Народно собрание како „единствена демократски избрана институција“ а чијшто прв човек Гиаидо се самопрогласи за претседатело.

Обраќајќи се на седницата, американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека е време „веднаш да се поддржи венецуелскиот народ“. „Нема повеќе одложување, нема повеќе игри. Или сте со силите на слободата или сте во сојуз со Мадуро и неговиот хаос“, рече.

Меѓутоа, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небенза, ги обвини САД дека коваат државен удар против Мадуро. Го запраша Помпео дали САД се подготвени да употребат сила во Венецуела. „Не сакам да нагаѓам и да хиотетизирам за тоа што САД ќе сторат во иднина“, одговори Помпео.

Москва го обвини Вашингтон дека Советот за безбедност го користи какио дел од „неетичкито трик“ за да предизвика промена на власта во Венецуела. Небенза потсети на претходните американски интервенции во Латинска Америка, како онаа во Никарагва и поддршката и на воените хунти во Аргентина, Бразил и Чиле, и рече дека сАД овој дел од светот сѐ уште го сметаат за „свој двор“.